0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јунајтед му става вето на Мурињо

Минатата трансфер сезона беше кошмарна за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Португалецот не доби ниту еден од посакуваните играчи на „Олд Трафорд“ и имаше тензија помеѓу него и раководството на тимот.

Манчестер, 1 ноември 2018 (МИА) – Минатата трансфер сезона беше кошмарна за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Португалецот не доби ниту еден од посакуваните играчи на „Олд Трафорд“ и имаше тензија помеѓу него и раководството на тимот.
Во текот на сезоната работите се потсмирија меѓу двете страни, но целите на Специјалниот во зима, исто така, нема да бидат донесени во Манчестер. Тој сака да привлече два централни дефанзивци, но клубот одбил таков маневар за време на зимскиот трансфер прозорец.
Претходно оваа недела, беше објавено дека Специјалниот ќе добие 100 милиони фунти за нови играчи, а за нив треба да бидат привлечени двајца дефанзивци и напаѓачи.
Сепак, „ЕСПН“ наведува дека шефовите на Јунајтед ќе стават вето на целите на Мурињо вторпат по ред во текот на сезоната. Причината е дека околностите околу престојот на Мурињо на „Олд Трафорд“ се нејасни и не е познато уште колку долго тој ќе остане на чело на тимот.
Во претстојното коло на Премиер Лигата, Јунајтед гостува на Борнемут. вз/ми/

Таг
Back to top button
Close