Европа

Туск: ЕУ ќе ги прошири санкциите кон Русија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави оти очекува Европска Унија да ги прошири санкциите кон Русија поради нејзината неприфатлива постапка заробување на украински бродови и морнари.

Буенос Аирес, 30 ноември 2018 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави оти очекува Европска Унија да ги прошири санкциите кон Русија поради нејзината неприфатлива постапка заробување на украински бродови и морнари.

– Европа е обединета во својата поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, посочи Туск додавајќи дека судирот е „причина за голема загриженост“.

Туск на маргините на Самитот на  Г-20 во Бунос Аирес апелираше до лидерите да разговараат за тензиите, вклучително и „руската агресија во Украина“.

Претседателот на ЕС не наведе какви санкции би можела да воведе ЕУ. ми/

Таг
Back to top button
Close