БалканБалкан.Портал

Турската полиција заплени 400.000 наркотични таблети

Турската полиција на преминот Хамзабејли/Лесово на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 400.000 таблети, кои содржеле наркотични супстанци.

Анкара, 22 ноември 2018 (МИА) – Турската полиција на преминот Хамзабејли/Лесово на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 400.000 таблети, кои содржеле наркотични супстанци.

Таблетите биле откриени во автомобил со турски регистерски таблички, што патувал од Бугарија кон Истанбул.

Вкупната тежина на запленетата таблети, од кои најголемиот дел ЛСД, изнесувала околу 150 килограми.

Во рамки на акцијата се уапсени возачот на автомобилот и неговиот совозач, како и уште три лица од Истанбул, кои се осомничени за поврзаност со шверцот на наркотичните таблети.

Сите петмина приведени и претходно биле осудувани за шврец на дрога. сп/

Таг
Back to top button
Close