Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Турција: Во експлозија во складиште за муниција загинаа четворица војници, 20 се повредени

Во експлозија во складиште за оружје на југоисток во Турција денеска загинаа четири војници и повредени се околу 20, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Истанбул, 10 ноември 2018 (МИА) – Во експлозија во складиште за оружје на југоисток во Турција денеска загинаа четири војници и повредени се околу 20, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Турското Министерство за одбрана првично соопшти дека во несреќата што се случила во провинцијата Хакари се повредени 25 луѓе.

Експлозијата се случила за време на користење тешко оружје во воена база во регионот Семдинли во провинцијата Хакири што е во близина на границата со Иран и Ирак.зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close