Дописници МКДОпштински вести

Трибина во Куманово за заштита од злоупотреба на дрога, последици, навремено препознавање, помош и заштита

Кои се последиците од злоупотреба на дрога и психотропни супстанции по здравјето и животот на младите, каде и како да се побара помош, кои се законските последици, беа темите на вчерашната трибина што ја организираше отсекот за превенција од СВР Куманово пред средношколците во Центарот за култура.

Куманово, 28 ноември 2018 (МИА) – Кои се последиците од злоупотреба на дрога и психотропни супстанции по здравјето и животот на младите, каде и како да се побара помош, кои се законските последици, беа темите на вчерашната трибина што ја организираше отсекот за превенција од СВР Куманово пред средношколците во Центарот за култура.

Ова е прва од неколкуте трибини кои ќе се одржат годинава во рамки на проектот на кумановската полиција, „Спорт да – дрога не“.

Доктор Мице Дудучки од Куманово, вели дека преку превентивните предавања младите се стекнуваат со соодветни знаења од последиците од злоупотреба на дрога по менталното и физичкото здравје и психосоцијалното функционирање.

-Многу се значајни превентивните предавања, зашто на овој начин младите се информираат за болестите на зависност, на кој начин треба да кажат не, на психотропните супстаници, како да живеат здраво, вели Дудучки.

Не постои голема разлика помеѓу таканаречените „рекреативни“ уживатели, појаснува Дудучки и додава дека прашање на време е кога ќе станат континуирани злоупотребувачи на наркотички средства и за извесен период ќе станат зависници и во психичка и физичка смисла, со сите последици по менталното, телесното здравје и по нивното професионално, семејно функционирање.

– Нема рекреативност во наркотиците, тие се извор на тешки физички ментални страдање, уживањето е во спортот, културата, уметноста, љубовта, порачува Дудучки.

Пред средношколците беа посочени и законските последици со кои ќе се соочат лицата кои неовластено продаваат, произведуваат дрога, психотропни супстанции.

Трибините ќе се одржат наредниот период со сите средни училишта, ќе се посвети внимание и на родителите и на наставниците кои ќе слушнат како да ги препознаат симптомите и каде да побараат помош, најави, Виолета Богдановска од отсекот за СВР Куманово.

Проектот на СВР Куманово „Спорт да, Дрога не“ отсекот за превенција го спроведува изминативе десетина години и покрај спортски активности се одржуваат работилници, екукативни предавања за да се укаже од последиците од злоупотреба на дрога. Во проекот опфатени се средношколци и ученици од вишите одделенија од деветолетката. ам/сст/

Back to top button
Close