Свет

Трамп следната година ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун

Потпретседателот на САД Мајк Пенс соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп планира следната година да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.

Сингапур, 15 ноември 2019 (МИА) – Потпретседателот на САД Мајк Пенс соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп планира следната година да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.

Пенс истакна дека Трамп следниот пат нема да ги повтори минатите грешки и да дозволи Ким да не ги исполни ветувањата за ставање крај на неговите програми за оружје.

САД и Северна Кореја по средбата во јуни во Сингапур разговараат за организирање втор самит. Целта е на него да се постават темелите за ставање крај на нуклеарното несогласување меѓу двете земји.

– Се работи на тие планови. Сметаме дека самитот најверојатно ќе се одржи по 1 јануари, но уште не е прецизирано кога и каде, изјави Пенс по средбата во Сингапур со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин. Тие разговараа на маргините на форумот на земјите од Азија и Тихиот Океан.

– Не сакаме да ги повторуваме грешките на претходните администрации, искрено, кои ги дозволија и двете политички партии во последните неколку децении, кога биле давани ветувања, биле укинувани санкции, била давана економска поддршка, а потоа ветувањата биле прекршени, рече американскиот потпретседател. јт/

Таг
Back to top button
Close