Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп: Многу новинари поттикнуваат насилство

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини медиумите за поттикнување насилство во САД

Вашингтон, 3 ноември 2018 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини медиумите за поттикнување насилство во САД.

-Вие поттикнувате насилство со вашите прашања, и рече Трамп на новинарката, која го праша дали неговиот говор може да придонесе за „политички мотивирано насилство” во САД.

-Голем број новинари поттикнуваат насилство со тоа што не ја кажуваат вистината. Медиумите на лажни вести поттикнуваат насилство, додаде Трамп.

-Ако медиумите пишуваат објективно и точно, ќе има помалку насилство во нашата земја, заклучи Трамп.

Таг
Back to top button
Close
Close