Анализа

Трамп и имиграцијата – ветената земја ветува државјанство

-Ние сме единствена земја во светот кога некој доаѓа, се породува и детето всушност станува државјанин на САД 85 години со сите придобивки. Тоа е бесмислено, бесмислено, и треба да запре, изјави Трамп неделава во интервју за ТВ мрежата „Ејч-би-оу“.

Вашингтон, 4 ноември 2018 (МИА) – Доналд Трамп повикува на изградба на ѕид за да ја отсече Америка од Мексиканците; забрануваше влез во САД за граѓани од некои арапски земји; се заканува дека на границата со Мексико ќе испрати 15 илјади војници за да го запре караванот имигранти од Јужна Америка. Најнов аспект од анти-имигрантската политика на Трамп – заканата дека ќе го смени еден од основните принципи врз кои се темели Америка после укинувањето на робовладетелството.

-Ние сме единствена земја во светот кога некој доаѓа, се породува и детето всушност станува државјанин на САД 85 години со сите придобивки. Тоа е бесмислено, бесмислено, и треба да запре, изјави Трамп неделава во интервју за ТВ мрежата „Ејч-би-оу“.

Американскиот претседател во суштина зборуваше за принципот кој во правната наука на латински се нарекува „јус соли“, или право на почва, според кој децата на родители имигранти стекнуваат државјанство по место на раѓање. САД го донесоа овој закон во 1868 година.

Според 14-от амандман, „сите лица родени или натурализирани во Соединетите Држави се потчинети под нивна јурисдикција и стануваат државјани на Соединетите Држави и државата во која тие живеат“.

После речиси 150 години на негова примена, еден американски претсеател е сериозно настроен да го укине овој закон врз кој се темели постоењето на модерна Америка.

Притоа, Трамп е убеден дека се што треба е да потпише претседателски указ, без да се внесат измени во Уставот на земјата. И второ, дека САД се единствената земја во светот која така штедро раздава државјанства.

Всушност тој е во заблуда, бидејќи и првото и второто немаат врска со реалноста.

Повеќе правни експерти укажаа дка претседателот на САД не може самостојно да го укине правото на стекнување државјанство по место на раѓање.

-Тој сега заговара нешта кои нема да им се допаднат на многумина и за тоа апсолутно ќе решаваат судивите, кажа за „Би-би-си“ Сиакришну Пракаша, професор по право од Универзитет Вирџинија.

Тоа значи дека ако претседателот потпише таков указ, ќе се зголеми бројот на тужби од страна на имигрантите кои бараат државјанство согласно 14-от амандман, кој ќе продолжи да биде во законска сила и покрај потписот на Трамп.

Во современото право принципот „јус соли“ е поврзан со крајот на британската колонијална власт во Америка и признавањето на нејзината независност. Според тоа, „јус соли“ е својствено на англиското право. Речиси сите држави кои доделуваат државјанство по место на раѓање се во Јужна и Северна Америка. Тоа се САД, Канада, Мексико, Аргентина, Бразил, Чиле, Парагвај и многу други земји од овој континент.

Покрај принципот „јус соли“, во светската право се применув и принципот „јус сангуинис“, или стекнување државјанство според потеклото (крвта). Тоа значи дека независно од местото на раѓање, доволно е еден од родителите да биде државјанин на таа земја за детето да го прими истото државјанство. Такви земји кои го применуваат овој принцип се повеќе, меѓу нив е и Македонија.

Покрај Македонија, во Европа такви земји се Луксембург, Франција или Полска. Во сите овие земји има разни ограничувања, така на пример во Полска, детето стекнува полско државјанство ако двајцата родители имаат веќе стекнато државјанство. Во други земји пак, детето чии родители се странци може да стекне државјанство по место на раѓање на возраст од 18 години.

Има земји кои применуваат матријархален или патријархелен приод во овој контекст. На пример, во Андора се бара само мајката на детето да биде државјанка на таа земја за тоа да добие државјанство по место на раѓање. Патријархалниот приод во овој контекст се применува во муслиманските земји како Бахреин или Иран. др/

 

 

Close