Svet.SlajderСветСвет.Портал

Столтенберг: Новиот руски ракетен систем е причина за загриженост

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Дојче веле изјави дека сите членки на Алијансата се согласуваат дека новиот руски ракетен систем е причина за загриженост.

Брисел, 14 ноември 2018 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Дојче веле изјави дека сите членки на Алијансата се согласуваат дека новиот руски ракетен систем е причина за загриженост.

Коментирајќи ја најавата на САД дека се повлекуваат од договорот со Русија за нуклеарните проектили со среден дострел, Столтенберг вели дека Москва морала да покаже дека се придржува до договорот.

– Рускиот ракетен систем го загрозува договорот за нуклеарни проектили со среден дострел. Новите руски ракети се мобилни, тешко се откриваат и конструирани се да можат да носат боеви глави. Го зголемуваат степенот на подготвеност за употреба на нуклеарно оружје во судар, а дострелот им е таков што можат да стасаат до европските градови, вклучувајќи го и Берлин, изјави Столтенберг.

Тој потсетува дека и администрацијата на Барак Обама ја повикувала Русија во целост да се придржува до договорот.

– Ние и натаму апелираме на Русија да го почитува овој договор, бидејќи ниту еден договор за контрола на вооружување не може да биде ефикасен ако го почитува само едната страна, изјави Столтенберг. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close