0_Спорт.ПорталКошарка

Стеф Кари се враќа во игра за мечот со Детроит

Бекот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари ќе се врати во игра в сабота при посетата кај Детроит Пистонс, изјави тренерот на „воините“, Стив Кер.

Детроит, 29 ноември 2018 (МИА) – Бекот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари ќе се врати во игра в сабота при посетата кај Детроит Пистонс, изјави тренерот на „воините“, Стив Кер.
Кари ги пропушти последните 10 натпревари поради повреда во препоните, што ја доби против Милвоки Бакс на 8 ноември.
Во отсуство на Кари, Голден Стејт загуби пет во последните 10 натпревари. вз/ми/

Back to top button
Close