БалканДописници Свет

Српска листа се понуди да ја урива Владата на Косово во која самата учествува

Српската листа (СЛ), партијата која ги претставува косовските Срби во Собранието на Косово и која е дел од владејачката коалиција во Косово, им ги понуди гласовите на своите десет пратеници на опозициските партии на Албанците, со цел да се смени Владата на Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 11 ноември 2018 (МИА) – Српската листа (СЛ), партијата која ги претставува косовските Срби во Собранието на Косово и која е дел од владејачката коалиција во Косово, им ги понуди гласовите на своите десет пратеници на опозициските партии на Албанците, со цел да се смени Владата на Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оваа косовска партија, која отворено се координира со властите во Белград, соопшти синоќа дека „косовските Срби не можат и не сакаат да бидат заложници на неодговорните албански претставници и на нивната демагошка и хировита борба за сопствен политички опстанок“.

Повод за ваквата одлука на СЛ е одлуката на Владата на Харадинај да ги зголеми за 10 отсто таксите за српските производи кои се увезуваат во Косово.

Партијата на косовските Срби порача дека од сега натаму во Собранието ќе делува како опозиција и „ќе го поддржи секој предлог за уривање на владата поради ваквите мерки и односот на властите кон интересите на Србите, кон Србија и регионот“.

– Српската листа е принудена да се реши за ваков вид на политичко делување за да ги заштити виталните интереси на граѓаните од српска националност, кои веќе трпат големи штети поради противправното делување на Приштина, се вели во партиското соопштение.

Партијата најави дека ќе ги повика косовските Срби на мирни протести доколку Владта на Харадинај не ја повлече одлуката за зголемување на такстите за увозот на српски производи.

СЛ има неколку министри во Владата на Рамуш Харадинај, кои продолжуваат да ги држат своите функции, и покрај одлуката од пред неколку месеци за излегување од Владата поради присилното прогонување од Косово, со полициски сили, на директорот на Канцеларијата за Косово во српската Влада, Марко Ѓуриќ. Образложението на властите во Приштина тогаш беше дека Ѓуриќ немал дозвола за престој во Косово.

Опозициските партии на Албанците во 120-членото Собрание на Косово имаат вкупно 58 пратеници и, доколку ја прифатат понудата на пратениците Срби, можат да го обезбедат потребното мнозинство за недоверба на Владата на Хардинај и распишување предвремени избори. иа/

Таг
Back to top button
Close