0_Македонија.ПорталДописници МакедонијаСторија

Патронажната служба неопходна за здрава популација

Помош во семејство со новороденче секогаш е потребна, особено кога доаѓа од стручно лице кое е информирано, знае да се справи со потребите на бебето, да помогне во надминување на стравовите на мајката, да препорача доење, правилна нега и грижа за најмладите членови на семејствата. Ова го констатираат мајките чии домови секогаш се отворени за патронажните сестри од поливалентната служба од кумановскиот здравствен дом. Една од нив е и 29-годишната Магдалена Поповска-Ѓорѓевска, мајка на Ѕвездан. Таа раскажува дека советите што ги добива од сестрите за грижата околу нејзиниот син се повеќе од добредојдени.

Close