Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Словенечки банкари барале мито за да одобрат кредит    

Дванаесет лица во Словенија се осомничени за повеќе казниви коруптивни дела во банкарскиот сектор, а еден од нив е задржан во притвор откако Националното истражно биро (НПУ) покрена истрага.

Љубљана, 29 ноември 2018 (МИА) – Дванаесет лица во Словенија се осомничени за повеќе казниви коруптивни дела во банкарскиот сектор, а еден од нив е задржан во притвор откако Националното истражно биро (НПУ) покрена истрага.

Според „Пословни дневник“ истрагата на подрачјето на Марибор и на Крањ завршила во вторникот вечерта, при што биле пуштени на слобода 11 приведени лица, а на едно лице му е одреден притвор.

Под сомнеж се две банки, едната од Марибор, додека другата има седиште во Крањ и филијала во Марибор. Всушност постои сомнеж дека банкарските службеници барале недозволени награди за одобрување на кредит. Според полицијата за одобрувања на кредити вкупниот износ на побарани средства е над 400.000 евра, но сите не биле исплатени.

– Поединечни банкари како услуга барале недозволена награда во облик на процент од поединечен кредит, изјави истражителот на НПУ, Дарко Мајхенич, додавајќи дека тие за одобрување на кредит барале од 2.000 до 170.000 евра.

Според словенечките медиуми мито барале службениците на мариборската банка НКБМ и мариборската филијала на банката ЛОН од Крањ.

Словенечкиот дневен весник „Вечер“ објави дека под истрага е и начинот како е одобрен кредитот за финансирање на покривот на мариборската главна автобуска станица, што го подигна градското комунално претпријатие. ми/

Таг
Back to top button
Close