ЕвропаЕвропа.Портал

Шведска: Во престрелка меѓу моторџии седум ранети, 12 уапсени

Шведската полиција денеска соопшти дека седум лица се ранети во престрелка меѓу членови на клубови на моторџии кај Гетеборг и додаде дека уапсила 12 лица

Гетеборг, 4 ноември 2018 (МИА) – Шведската полиција денеска соопшти дека седум лица се ранети во престрелка меѓу моторџии кај Гетеборг и додаде дека уапсила 12 лица.

Од полицијата информираат дека нејзините патроли минатата ноќ поминале низ индустриската зона во близина на Гетеборг кога избувнала престрелка меѓу ривалските клубови. Засега не е позната точната причина за пукањето, велат од полицијата, наведувајќи дека истрагата е во тек.

Шведските власти во неколку наврати рекоа дека во изминатите неколку години е зголемено насилството и организираниот криминал, особено во периферијата на големите градови.

Таг
Back to top button
Close