Sport.SlajderРезултатиСпортФудбал

Шкендија нов лидер во ПМФЛ

Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија го искористи киксот на Вардар и со сигурната победа над Шкупи се искачи на првото место на табелата.

Скопје, 4 ноември 2018 (МИА) – Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија го искористи киксот на Вардар и со сигурната победа над Шкупи се искачи на првото место на табелата.

Досегашниот лидер Вардар на домашен терен ремизира со Беласица и сега има ист број бодови со тетовските црвено-црни, а пред само неколку кола разликата беше седум бода во корист на вардарци.

Резултати на натпреварите од 13.рунда во ПМФЛ одиграни попладнево:

Академија Пандев – Работнички 1:0
Македонија ЃП – Ренова 1:2
Победа – Силекс 2:0
Шкендија – Шкупи 3:0
Вардар – Беласица 1:1.

Табела: Шкендија 28 бода, Вардар 28, Академија Пандев 22, Победа 17, Работнички 17, Ренова 16, Беласица 4, Македонија ЃП 13, Шкупи 12 и Силекс 11. зс/

Таг
Back to top button
Close