0_Магазин.ПорталНаука и технологија

„Самсунг“ работи на „галакси ес 10“ со шест камери и 5Г

Неодамна стана јасно дека „Самсунг“ полага големи надежи на „галакси ес 10“ да ги подобри финансиските перформанси на својата мобилна единица и очигледно е зошто е тоа така.

Сеул, 20 ноември 2018 (МИА) – Неодамна стана јасно дека „Самсунг“ полага големи надежи на „галакси ес 10“ да ги подобри финансиските перформанси на својата мобилна единица и очигледно е зошто е тоа така. Извори на „Волстрит журнал“ откриваат дека „Самсунг“ подготвува сериозна технолошка надградба на јубилејното издание во серијата „галакси ес 10“, откако планира да додаде во уредите поддршка на 5Г-мрежи, поголеми дисплеи и повеќе камери.

Изданието потврдува дека „Самсунг“ подготвува три варијанти на „Галакси ес 10“ со дијагонали на екранот меѓу 5,8 и 6,4 инчи, кои ќе се претстават на настан кон средината на февруари. Заедно со ова, компанијата исто така подготвува четврта верзија на паметен телефон со кодно име „Бијонд X“, која ќе поддржува 5Г-мрежи. Овој телефон, кој ќе се појави во Кореја и САД напролет, ќе има 6,7-инчен дисплеј и шест камери – две предни и четири на задниот панел.

Токму овој модел може да биде претставен на настанот во февруари, а пазарната премиера ќе зависи од подготвеноста на операторите да пуштат 5Г-мрежи. Изданието пишува и дека компанијата веќе разговарала со „Веризон“, „AT енд T“ и „T-мoбајл“ во САД и со големите корејски оператори за понудата на телефонот, но сè уште нема финални решенија. Се разговара и за ексклузивен договор со „Веризон“.

Останатите три варијанти на „галакси ес 10“ се со кодни имиња „Бијонд 0“, „Бијонд 1“ и „Бијонд 2“, а според сегашните планови секој од нив ќе има помеѓу три и пет камери. Следната година, исто така, очекуваме смартфон со екран на преклопување на „Самсунг“, кој може да се нарекува „самсунг флекс“ или „галакси флекс“. вз/

Back to top button
Close