0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Самсунг го промовираше својот „флексибилен“ паметен телефон

Јужнокорејската технолошка компанија Самсунг го промовираше својот високоочекуван телефон на преклопување за време на настан во Сан Франциско, откако ги повика развивачите на Андроид да почнат да создаваат апликации за него.

Сан Франциско, 8 ноември 2018 (МИА) – Јужнокорејската технолошка компанија Самсунг го промовираше својот високоочекуван телефон на преклопување за време на настан во Сан Франциско, откако ги повика развивачите на Андроид да почнат да создаваат апликации за него.

Компанијата треба да постигне успех со овој уред, за да го поврати профитот на својата единица за мобилни уреди и да врати дел од гламурот на брендот што таа го загуби поради Епл.

Џастин Денисон, постар заменик-претседател задолжен за маркетинг на промотивните производи, покажа прототип со екран со 7,3-инчна дијагонала (18,5 сантиметри).

Кога се „склопува“ на две, уредот со дисплеј „Инфинити флекс“ претставува малку подебел паметен телефон, но Самсунг не им даде можност на медиумите и на програмерите да го видат уредот одблизу.

Дејв Бурк, потпретседател одговорен за прашања за Андроид, прокоментира за време на конференцијата во Калифорнија дека Самсунг планира да лансира нов, базиран на Андроид уред, во почетокот на следната година.

– Очекуваме да видиме слични производи од неколку компании што користат Андроид, рече тој.

Самсунг соопшти дека ќе биде подготвен за масовно производство во наредните месеци.

Девелоперот Џошуа Кларк, кој присуствуваше на конференцијата, соопшти дека Самсунг треба да им ја продава оваа технологија на своите конкуренти, за производот да може да се користи масовно.

Самсунг е една од неколкуте компании што развиваат телефон со дисплеј на преклопување.

Хуавеи соопшти пред некое време дека планира да лансира 5Г-паметен телефон со екран на преклопување кон средината на 2019 година. вз/

Таг
Close