0_Магазин.ПорталНаука и технологија

„Самсунг галакси ес10 +“ може да урне рекорд со 12 ГБ РАМ и 1 TБ за складирање

Откако ја крена максимално границата со своите „галакси ес9“, „галакси ес9 +“ и „галакси ноут 9“, Самсунг можеби се подготвува да го шокира мобилниот пазар со неверојатната плус-верзија на претстојниот предводник „галакси ес10“.

Сеул, 28 ноември 2018 (МИА) – Откако ја крена максимално границата со своите „галакси ес9“, „галакси ес9 +“ и „галакси ноут 9“, Самсунг можеби се подготвува да го шокира мобилниот пазар со неверојатната плус-верзија на претстојниот предводник „галакси ес10“. Според новите шпекулации, компанијата има намера да предложи „галакси ес10 +“ со параметри кои навистина го менуваат поимот за тоа колку хардвер може да се најде под „капакот“ на еден смартфон.
Уште неофицијални информации сугерираат дека „самсунг галакси ес10 +“ може да има неверојатни 12 ГБ РАМ, надополнета со 1 ТБ за складирање податоци.
Ако е точно, овие 12 ГБ РАМ ќе бидат трипати повеќе од оперативната меморија која ја имаат „галакси ес9“ и „галакси ес9 +“, и два пати повеќе од она со што располага топ-верзијата на компанијата – „галакси ноут 9“. Ако оваа шпекулација се покаже веродостојна, имено „галакси ес10 +“ ќе биде првиот паметен телефон со толку многу РАМ.
Оперативната меморија ги складира податоците од отворени апликации, овозможувајќи им на корисниците да се префрлаат помеѓу нив. Во практиката, РАМ овозможува мултитаскинг, без да мора повторно да се отвори апликација секојпат кога сакате да го користите.
Друга шпекулација е дека „галакси ес10 +“ ќе доаѓа со 1 ТБ вградено складирање. Во моментов, врвот за складирање кај смартфоните е 512 ГБ и е достапен во врвни модели како што се „ајфон икс-ес“, „ајфон икс-ес макс“ и „галакси ноут 9“.
Конечно, „галакси ес10 +“ се очекува да има дијагонала од 6,7 инчи и четири задни камери, надополнети со двојна предна. вз/ссм/

Back to top button
Close