Дописници МакедонијаОпштински вести

Промовирани новите доктори на науки од Штип

Во Националната установа Универзитетска Библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“-Штип денеска во рамките на 17 „Митровденски средби“ беа промовирани петмина нови доктори на науки во Штип. Елена Максимова доктор по Правни науки истражувала за кривичните дела, коишто ги прават жените.

Штип, 8 ноември 2018 (МИА) – Во Националната установа Универзитетска Библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“-Штип денеска во рамките на 17 „Митровденски средби“ беа промовирани  петмина нови доктори на науки во Штип. Елена Максимова доктор по Правни науки истражувала за кривичните дела, коишто ги прават жените.

Во фокусот ми беше ставена жената како сторител на кривични дела, тоа ми е и насловот на трудот, вели  Максимова.

Тројца од промовираните доктори на науки се од техничките науки, меѓу кои и Марјан Џидров. Негова тема на истражување била теоретска и нумеричка анализа, проследена со експериментално испитување, со цел детекција и следење на состојбата на континуирани витки елементи.

Денешните технички системи и покрај тоа што произлегуваат од технологии и задоволуваат високи стандарди, не може да се гарантира со сигурност дека ќе функционираат без притоа да се појави оштетување, вели Џидров.

Промоцијата на нови доктори на науки се прави традиционално на Денот на ослободувањето на Штип. Во рамките на  „Митровденски средби“ досега се  промовирани вкупно 183 доктори на науки од Штип. вдј/сст/

Close