0_Web_Актуелно0_Македонија.Портал0_МИА Истражува.ПорталИнтервјуМИА Истражува

Попоски: Со акредитација и стандардизација до поквалитетни здравствени установи

Акредитацијата на здравствените установи е само една од алатките за квалитет, но ако сакаме да одиме чекор понатаму кон ефикасност блиска до светските стандарди, потребна е истовремена примена на повеќе инструменти од кои на преден план се протоколите и клиничките патеки. Напредокот е евидентен, особено кај установи што веќе бележат втор циклус на акредитација и каде што интервалот на акредитираност е зголемен од една на три години, како што е случај со клиниките за детски болести, за ендокринологија или Институтот за респираторни заболувања во Козле, посочува директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Република Македонија, Анте Попоски, во интервју за МИА.

Close