Дописници МКДХроника

Полициски контроли за возење под дејство на алкохол во Тетово и во Штип

Единаесет лица кои ги управувале возилата под дејство на алкохол биле откриени во Полошко при акциската контрола спроведена изминатиот викенд од страна на СВР Тетово.

Тетово, 12 ноември 2018 (МИА) – Единаесет лица кои ги управувале возилата под дејство на алкохол биле откриени во Полошко при акциската контрола спроведена изминатиот викенд од страна на СВР Тетово. Во активноста биле контролирани  вкупно 127 возачи.

Сите 11 лица кои возеле под дејство на алкохол биле исклучени од сообраќај, а на десет од нив времено им биле одземени возачките дозволи и им биле изготвени мандатни платни налози. Во акциската контрола изминатиот викенд биле откриени и санкционирани и дваесетина други видови прекршоци, информираа од полицијата.

Во слична ваква акциска контрола во сабота и недела на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип вкупно биле контролирани 186 возачи, при што кај 23 возачи било потврдено присуство на алкохол. И овие прекршители биле  исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и им биле издадени мандатни платни налози. Тука биле забележани и 12 други сообраќајни прекршоци и за нив биле издадени соодветни санкции.

Од полицијата највија дека ќе продолжат со засилени акциски контроли, со цел санкционирање на сообраќајните прекршоци и подобрување на безбедноста во сообраќајот. ас/нд/

 

Back to top button
Close