ЕвропаЕвропа.Портал

Папата Франциско го осуди нападот на Коптите во Египет

Папата Франциско денеска го осуди на нападот на автобусот со коптски верници во Египет, истакнувајќи дека тие се убиени само затоа што биле христијани.

Ватикан, 4 ноември 2018 (МИА) – Папата Франциско денеска го осуди на нападот на автобусот со коптски верници во Египет, истакнувајќи дека тие се убиени само затоа што биле христијани.

Папата изрази жалење поради терористичкиот напад пред два дена на Коптската православна црква во Египет.

Тој ги повика верниците на плоштадот „Свети Петар“ да се молат за седуммината Копти кои беа убиени додека одеа кон коптски манастир, јужно од Каиро.

Минатата година во истиот манастир беа убиени 29 лица.

Во Египет 10 отсто од населението се христијани кои подолг период се изложени на дискриминација. паг/16:19

###

Таг
Back to top button
Close