Дописници МКДОпштински вести

Општина Гостивар ги доби ингеренциите во образованието

Ингеренциите во сферата на образованието, кои му беа одземени на градоначалникот на општина Гостивар, се вратени на локално ниво. Во меѓувреме ќе се разгледуваат и пријавите за неправилности што во меѓувреме се направени, информираа од општина Гостивар.

Гостивар, 23 ноември 2018 (МИА) – Ингеренциите во сферата на образованието, кои му беа одземени на градоначалникот на општина Гостивар, се вратени на локално ниво. Во меѓувреме ќе се разгледуваат и пријавите за неправилности што во меѓувреме се направени, информираа од општина Гостивар.

– Ингеренциите во делот на назначување и разрешување на директори во училиштата, по девет месеци денес повторно со во рацете на Општина Гостивар. По одземањето на ингеренциите беа назначени нови директори од страна на Министерството за образование, а со  почетокот на новата учебна 2018/2019 година на голем број наставници не им беа продолжени договорите, а ги исполнуваа сите законски услови за работа. Во меѓувреме добивме многу поплаки и поради тоа поведовме повеќе иницијативи за вршење на вондредни  инспекциски надзори  до Државниот просветен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, рече Аслијан Снопче, од секторот за образование на општина Гостивар на прес конференцијата.

Таа напомена дека од инспекторати добиле известувања за констатирани неправилности во работењето на дирекотрите кои ги назначило ресорното министерство.

Меѓу неправилностите Снопче напомена случаи на непријавени наставници во АВРМ и ПИОМ, објавени огласи за јавна набавка за превоз на ученици, вработување на наставници без согласност од градоначалникот спротивно на Законот за основно  и средно образование и вработувања на лица кои немаат соодветни квалификации.

На новинарско прашање, дали ќе има нови смени во раководствата на образовните институции, таа рече дека во наредниов период ќе се разгледуваат и тие опции, но не кажа рокови.

– Како Општина сме должни да ги превземеме сите законски мерки против директорите за да бидат отстранети сите неправилности и ќе инсистираме на департизирање на образованието и вработување на професионалци. За непочитување на законските одредби имаме и докази од надлежните институции, нагласи Аслијан Снопче. згм/дма/

Back to top button
Close