Svet.SlajderСветСвет.Портал

ОН: Светот се повеќе се оддалечува од поставените цели за климата

Советот се повеќе се оддалечува од поставените цели за запирање на глобалното затоплување, а амбисот меѓу амбициите на Парискиот договор за климата и количеството на ослободените штетини гасови се проширува, се наведува во денеска објавениот годишен извештај Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).

Париз, 27 ноември 2018 (МИА) – Советот се повеќе се оддалечува од поставените цели за запирање на глобалното затоплување, а амбисот меѓу амбициите на Парискиот договор за климата и количеството на ослободените штетини гасови се проширува, се наведува во денеска објавениот годишен извештај Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).

– За да се задржи зголемувањето на температурата на Земјата под 2 степени Целзиусови, државите до 2030 година ќе треба тројно да ги зголемат своите напори за да ги остварат обврските преземени на Меѓународната конференција за климата одржана во Париз во 2015 гофина, се наведува во извештајот.

Во документот, објавен пет дена пред почетокот на 24-та Светска конференција за климата во полскиот град Катвовице, се истакнува дека за намалување на растот на глобалното затоплување до 1,5 степени Целзиусови, државите во светот ќе треба петкратно да ги зголемат своите напори за оставрување на преземените обврски.

– Највознемирувачка вест е дека разликата меѓу сегашното ниво на емисиите на штетни гасови и нивото кое требаше да биде станува се поголема, изјави координаторот на извештајот Филип Дрост.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, по три години непроменето ниво, емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, лани почнаа да се зголемуваат, а тенденцијата на нивни раст продолжи и оваа година.

Во 2017 година емисиите на штетини гасови достигнаа 53,5 гигатони еквивалент на јаглерод диоксидот, што е за 0,7 гигатони повеќе споредено со претходната година.

За задржување на зголемувањето на температурата на Земјата под 2 степени Целзиусови, до 2030 година човештвото треба да ги намали емисиите на штетини гасови на 40 гигатони еквивалент на јаглерод диоксидот, а за ниво под 1,5 степени на 24 гигатони.

Според проценките на експертите, доколку продолжи сегашното ниво на загадување, емисите на штетни гасови до 2030 година ќе се зголемат на 59 гигатони еквивалент на јаглерод диоксидот. сп/

Таг
Back to top button
Close