ЕвропаЕвропа.Портал

Најмалку 40 повредени при судир на два автобуса во Германија

Најмалку 40 лица, меѓу кои и деца, се повредени во сообраќајна несреќа во Германија, во која учествувале два автобуса и едно возило.

Берлин, 15 ноември 2018 (МИА) – Најмалку 40 лица, меѓу кои и деца, се повредени во сообраќајна несреќа во Германија, во која учествувале два автобуса и едно возило.

Петмина од жртвите се здобиле со сериозни повреди.

Портпаролот на баварската полиција Берт Рауенбуш соопшти дека меѓу повредените во судирот кај Нирнберг има и деца на училишна возраст, но не прецизира колкав е нивниот број.

Тој додаде дека сериозно повредени патници во болница биле транспортирани со хеликоптери.

Полицијата ги истражува причините за несреќата. паг/сп/

Таг
Back to top button
Close