0_Магазин.ПорталЗанимливости

Мост што секоја година се урива и се гради

Над реката Меконг во источна Камбоџа има мост што локалното население го користи само во летниот период. Тој се прави од бамбуси, не е многу стабилен, а најинтересно е тоа што секоја година по еднаш се урива и одново се гради.

Бангкок, 23 ноември 2018 (МИА) – Над реката Меконг во источна Камбоџа има мост што локалното население го користи само во летниот период. Тој се прави од бамбуси, не е многу стабилен, а најинтересно е тоа што секоја година по еднаш се урива и одново се гради.

Имено, мостот им е потребен на жителите само лете. Во сезоната на дождови, кога и водата во реката нараснува и носи сѐ пред себе, луѓето ги собираат трските и ги употребуваат за нешто друго. Кога нивото на реката повторно ќе се спушти, мостот повторно се поставува.

Тој денес претставува туристичка атракција. Најмалите посебно, но и повозрасните, уживаат во претрчувањето преку мостот, иако тоа, секако, се наплаќа.

Оваа необична традиција трае децении, но наскоро може да запре бидејќи во близина властите имаат намера да изградат траен, цврст и висок мост. си/гт/

Таг
Back to top button
Close