МИА Радио флеш

МИА РАДИО ФЛЕШ

09:30/15 ноември/2018

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче заедно со амбасадорот на Јапонија Кеико Ханеда, и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе ја посетат Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.

Будимпешта – Пребегувањето на поранешнот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и побараниот азил и денеска се една од топ темите во унгарските медиуми.

Главните дилеми кои ги поставуваат се како Груевски влегол во Унгарија, дали се испочитувани законските процедури, кој му помага во Будимпешта и какви ќе бидат последиците за Владата на Виктор Орбан, со кого, како што наведуваат унгарските медиуми, Груевски имал блиски пријателски врски.

Анкара – Најмалку 50 години затвор за убиство на дете предвидува нов турски нацрт загон, објавен денеска во турските весници.

„50 години затвор за убијци на жени и деца“ пишува весникот „Хуриет“ и додава дека законот за казните за убиства целосно ќе се менува.

Токио – Јапонски министер, чиј ресор е кибер-безбедност и подготовка на Олимписките игри во Токио во 2020 година, и даде утрово на опозицијата повод за насмевки, измешани со стравови, призна дека никогаш не користел компјутер во неговиот професионален живот.

Шеесет и осум годишниот Јошитака Сакурада,  минатиот месец беше назначен од премиерот Шиндзо Абе за заменик раководител на владина служба за кибер безбедност.

Хавана – Кубанската Влада соопшти дека ја завршува програмата “Повеќе лекари“ (Mas Medicos) во чии рамки од земјата во Бразил заминуваа неколку илјадници доктори кои работеа за кубанската Влада.

Завршувањето на програмата сигнализира заострување на односите меѓу Куба и Бразил, каде за претседател неодамна беше избран десничарот Жаир Болсонаро, кој на фунцкијата ќе стапи на 1 декември.

Back to top button
Close