Најава на настани

МИА Најави – Македонија (ДПЛ)

Скопје – Продолжува седницата на собраниската Комисија за уставни прашања на која се разгледуваат нацрт-уставните амандмани. 

8 ноември 2018 

Скопје – Продолжува седницата на собраниската Комисија за уставни прашања на која се разгледуваат нацрт-уставните амандмани. (сала Борис Трајковски/11:00)

Скопје – Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе одржи две седници. (Сала на Уставна комисија/10:00, 10:30)

Скопје – Две седници на собраниската  Законодавно-правна комисија. (Сала 4/11:00, 13:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 6/11:00)

Скопје – Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе ги посетат привремените живеалишта за лица бездомници во Визбегово.  (Зад прифатниот центар за азиланти во Визбегово/11:30)

Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествуваат на јавна расправа за Правилникот за обновливи извори на енергија и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија. (Стопанска комора/10:00)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе одржат средба со здруженијата на такси превозници и ќе ги претстават новитетите од Предлогот за изменување и дополнување на Законот за возила.(спроти Министерство за правда/14:00)

Скопје – Прес-конференција на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски. (Простории на Агенцијата/10:30) 

Скопје – Предавање и пуштање во употреба на нов систем за проценка на ризик-донација на Австриска агенција за развој. (Управа за јавни приходи, 2 кат/10:45-12:00, изјави за медиуми/10:45)

Скопје – Организацијата „Македонија 2025“ ќе го организира традиционалниот годишен настан „Самит Македонија 2025“. (х. Мериот, изјави за медиуми/13:00) 

Скопје – „Шпаркасе банка“ ќе одржи прес-конференција на која ќе биде потпишан договор за соработка  со Европската банка за обнова и развој. (ТЦ Соравија/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе информира за реализираните проекти во првата година од неговиот мандат. (10:00)

Гостивар – Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција. (Прес центар на општината/12:00)

Скопје – „Полио Плус“ во рамки на проектот „Маргина Обскура“ ќе одржи дебата на тема „Погледни ги способностите-состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“. (Простории на Стопанска комора/11:00)

Скопје – Презентација и јавна дискусија „Медиумите и политиката во Македонија“ во организација на „Конрад Аденауер“ фондација и Здружението на новинари на Македонија. (х.„Солун“/10:00)

Битола – Прес-конференција за меѓународна научна конференција на тема „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“. (БАС-Битола/10:00)

Скопје – Предавање на тема „Африканскиот колонијализам и воајеризам:разликата како спектакл“ на проф.д-р Илина Јакимовска. (Музеј на Македонија)

Скопје – Промоција на книгата есеи „Пикасо го изеде јаболкото, а тоа му рече благодарам“ на Данило Коцевски. (НУБ „Св.Климент Охридски“/19:00)

Скопје – Турски театар премиерно ќе ја изведе претставата за младинци „Ана и Хана“ по мотиви на Дневникот на Ана Франк. (19:00)

Скопје – Отворање на 17.Фестивал на европскиот филм „Синедејс“. (Кино „Фросина“/21:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Close