Најава на настани

МИА Најави – Македонија (ДПЛ)

7 ноември 2018

7 ноември 2018

Скопје – Седница на собраниската Комисија за уставни прашања. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија. (Сала 10/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/10:00)

Скопје –  Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги одржи две седници. (Сала 4/11:00)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ја посети аеродромската база „Брест“ каде ќе биде промовирана новонабавената униформа за воздухопловниот персонал и ремонтираните хеликоптери. (12:00)

Гевгелија – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе се обрати на пуштањето во употреба на новиот водоснабдителен систем во општина Гевгелија. (Кај новоизградените бунари на реката Вардар во општина Гевгелија/11:30)

Тетово – Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска на средба со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија, на која ќе бидат презентирани владините мерки за поддршка на инвестициите од трите столба на Планот за економски раст. (Универзитет на Југоисточна Европа, Центар за развој на бизнисот/11:30, изјава за медиумите во простории на Ректоратот на УЈИЕ, соба за конференции, 2-кат/11:20)

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче ќе се обрати на инфо денот за користење грантови од фондовите на ЕУ за темите од секторите „Здравство“и „Животна средина“. (ЕУ инфо центар/10:00)

Скопје – Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа за одлуките од 101-та владина седница.(Влада, Медија центар/12:00)

Скопје – Националниот координатор за гранично управување на Република Македонија Владимир Пивоваров и Националниот координатор за гранично управување на Република Косово Иса Џемајлај ќе потпишат на меморандум за соработка. (Влада, Медија центар/15:00)

Скопје – Воени претставници на Воениот Комитет на НАТО ќе ја посетат касарната „Илинден“. (сниматели и фоторепортери, пристигнување пред влезот во касарната/9:20)

Скопје – Седница на Уставен суд на Република Македонија. (9:30/брифинг за новинари/13:00)

Скопје – Сојузот на стопански комори на Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Градежништво со стандарди до конкурентност“. (Сојуз на стопански комори на Македонија/10:00)

Скопје – Продолжува меѓународната конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“ во организација на Европското движење во Република Македонија, Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА, Скопје и Здружението на финансиски работници од Велес во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“. (Совет на Град Скопје/9:30)

Скопје – Отворање на првиот Lounge Bar во Македонија кој вработува лица со попреченост – Lounge Bar „Umbrella“ во Скопје (поранешно Ciao Кафе, ГТЦ/17:00

Скопје – Регионална конференција на тема „Инклузија на Ромите по завршување на Декадата на Ромите: Тековна состојба и предизвици“ во организација на канцеларијата на Народниот правобранител.  (х.„Холидеј ин“/9:30)

Скопје – Свечена академија по повод одбележување на 70-годишниот јубилеј на Институтот за национална историја.(МАНУ, свечена сала/19:00)

Скопје – Промоција на книгата „Хрониките на Арслан Новинарски“ од Иван Шопов. (Младински културен центар/20:00)

Штип – Концерт на дуото „Скупи“ по повод 74 години од ослободувањето на градот Штип. (Општински мултимедијален центар „Киро Глигоров“/19:00)

Гевгелија – Велешкиот театар со претставата „Вдовицата се мажи“ во режија и адаптација на Младен Крстевски гостува во Гевгелија. (Народен театар/20:00)

Скопје – Модна ревија Made in Macedonia: Почетоци и  еволуција“, во организација на „Добредојде“ Македонија Велком Вентар, во соработка со Амбасадата на Франција и Музејот на Македонија. (Музеј на Македонија/19:00) 

Скопје – Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, потпретседателот на Боксерската федерација на Македонија Фатон Салихи, секретарот на Федерацијата Душко Сачкарски и селекторот на БФМ Петре Чурлиноски ќе одржат прес-конференција по повод одржувањето на 48. традиционален турнир во бокс „Златен гонг“. (Простории на АМС/12:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Таг
Back to top button
Close