Најава на настани

МИА Најави – Македонија

29 ноември 2018 

29 ноември 2018 

Скопје – Седница на Собранието на Република Македонија. (сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, Ѓерѓ Дедај. (Кабинет на претседателот на Собранието на РМ/10:00)

Скопје – Шеснаесетти Министерски совет на Енергетската заедница. (х.Александар Палас/Групно фотографирање на Советот/12:15)

– Прес–конференција на заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за економија и претседавач со 16. состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница Крешник Бектеши, директорката за енергетска политика во Европската Комисија Меган Ричардс и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач. (х. Александар Палас/12:20)

Скопје – Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе се обратат на петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маски“. (Македонски народен театар/12:00/Обраќање на премиерот Заев/13:00)

Скопје – Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев ќе се обрати на настанот за „Промовирање на концептот за овластен економски оператор. ((амфитеатар на Царинска управа – стара зграда/10:00)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и генералниот директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер на прес-конференција ќе соопштат новини околу реализацијата на програмата за обука на млади за полесно вработување. (Пивара Скопје, погон Coca-Cola/10:00)

Скопје – Прес-конференцијата на министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и Лирим Дулови, претседател на Асоцијација за заштита на националните печатени медиуми. (Медија центар на Владата/11:00)

Скопје – Во Министерството за транспорт и врски ќе се одржи брифинг со новинари на тема: „Оттуѓување на државно земјиште спорти ГТЦ“. (простории на Министерството за транспорт и врски/11:00)

Скопје – Управата за јавни приходи свечено ќе го одбележи Денот на даночните работници. (Даут Пашин Амам/19:00, не се предвидени изјави за медиумите)

Белград – Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски ќе учествува на Innovation Talk 2018 – регионална конференција за технолошки иновации.

Скопје – Регионалниот директор за земјите од Западен Балкан при Светска банка и програмскиот лидер на секторот за макроекономија, трговија и инвестиции и директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје ќе ја презентираат Систематската дијагностика за земјата. (Економски факултет – Скопје, УКИМ/9:00)

Скопје – Прес-конференција на Град Скопје за акцијата за засадување на нов дрворед на Бит-пазар. (булевар „Крсте Мисирков“, пред ДТЦ „Мавровка“/11:00)

Скопје – Презентација на првиот периодичен мониторинг извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“. (Мултимедијален простор „Котур“, ул. „Никола Вапцаров бр. 7, поранешен Форум – Македонија филм/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КССМ). (простории на Пошта 2 – Нова железничка станица, сала за седници на СОНК-КСС/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Советот на Синдикатот на културата на РМ. (пред Министерството за култура /12:00)

Тетово – Универзитетот во Тетово ќе ја промовира новата студиска програма во студиите од втор циклус за бизнис администрација. (амфитеатар на Ректоратот на Универзитетот во Тетово/11:00)

Скопје – Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје во соработка со Младински образовен форум, Гимназија „Никола Карев“ и Општина Карпош организираат планска игра за локална самоуправа.(простории на урбаната заедница Козле11:00) 

Куманово – Центарот за интеркултурен дијалог организира конференција „Инклузивни методи во образованието“. (простории на Занаетчиски дом/11:00)

Скопје – Отворање на 8. Меѓународен фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест. (Кинотека на Македонија / 20:00)

Скопје – Македонската филхармонија ќе одржи концерт со наслов „Научна фантастика на платно“ под диригентската палка на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија. (20:00)

Скопје – Промоција на поетската книга „Исповедта на сликарот“ од Гордана Михаилова – Бошнакоска. (Спомен-соба на Миладиновци во ГБ „Браќа Миладиновци“/12:00)

Скопје – Промотивен фандрејзинг настан по повод 6. издание на фестивалот „Под Земја Полесно се Дише“6!, со продажна изложба на цртежи и акустичен соло концерт на Филис Синаноска.(Галерија 7/20:00)

Скопје – Поетска вечер Licentia poetica од млади автори. (Салон 19,19/19:19)

Скопје – Самостојна изложба на Гоце Илиевски. (Галерија на МКЦ/20:00)

Скопје – Отворање изложба на слики од ликовниот уметник Славчо Максимовски. (ЈУ КИЦ – Скопје, Изложбен салон Империјал 1/20:00)

Битола – Недела на шпански филм во Битола. (Центар за култура, 3Д-Кино/19.00)

_______________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close