Најава на настани

МИА Најави – Македонија

25 ноември 2018 

25 ноември 2018 

Струмица – Премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на МЕПСО Сашо Василевски ќе реализираат работна посета на локација на која се монтира заштитно јаже со оптика на далекувод од преносната мрежа на МЕПСО. (ТС „Струмица 1“ , булевар „Гоце Делчев“ спроти бензинска пумпа „Бензоил“ / 12:15, предвидени се изјави за медиуми)

Струмица – Архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на САС на МПЦ – ОА ќе отслужи Божествена литургија на која ќе биде извршена хиротонијата на новоизбраниот епископ Јаков. (Манастир „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча / 8:30) 

Скопје – Одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените под глобалното мото „HearMeToo“.

Скопје – Прес-конференција на „Македонија блокира“ во врска со митингот пред Собранието на 1  декември. (х. „Бест вестерн“ / 12:30)

Скопје –  Ракометен натпревар меѓу сениорите на „Јуниор Кисела Вода“ и „Вардар Неготино“. (Спортска сала „Архиепископ Доситеј“ / 13:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Таг
Back to top button
Close