Најава на настани

МИА Најави Македонија

19 ноември 2018

19 ноември 2018

Халифакс – Делегација на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, учествува на 64. годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО во Канада.

Виена – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обратат на 15-от Виенски економски форум.

Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Собрание на РМ, сала 4/11:00)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе се обрати на јавната расправа за Предлог законот за инспекциски надзор. (х.„Холидеј ин“/11:00)

Прилеп – Изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, по повод почетокот на откупот на тутунот од реколтата 2018-та. (Откупен пункт во Тутунски комбинат Прилеп/11:30)

Скопје – Министерот за култура Асаф Адеми ќе одржи брифинг со новинарите. (Министерството за култура, сала за состаноци/11:30)

Скопје – Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска ќе се обрати на конференцијата „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“. (х. Холидеј ин/10:00)

Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Македонија на тема „Подобрување на конкурентноста на компаниите преку интервенции во формалното и неформалното образование: (Стопанска комора на Македонија/11:00)

Скопје – Институтот за демократија  ќе презентира  документ за јавни политики  насловен „Правните критериуми за назначување на раководство на јавни претпријатија, регулаторни и самостојни тела”. (х. Холиде ин/13:00) 

Скопје – Прес-конференција на Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР, Новинари за човекови права, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ и Зелениот институт за (аеро)загадувањето. (х.„Карпош“/10:30)

Скопје –  Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“  организира настан „Speech4Inclusion”, во рамки на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“. (х.ТЦЦ Гранд Плаза/11:00) 

Скопје –   Под мотото „Сите сме нивни деца“  Црвен крст на град Скопје почнува активности за одбележување на  Неделата на грижа за стари лица.

Скопје – Црвениот крст на Република Македонија и здружението „Хуманост“  организираат работилница со претставници на медиумите за теми од значење за постарите лица, во рамки на регионалниот проект „Преземање на активности за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија.(Црвен крст на РМ/11:00)

Скопје – Одбележувањето на 20-години од основањето на Здружението за заштита на правата на детето. ( (хотел „Солун“/12:00)

Охрид – Отчет на градоначалникот на Охрид  Јован Стојановски. (голема сала на општина Охрид/11:00)

Скопје – Концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“ под диригентсво на Бисера Чадловска. (МОБ/20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Заеднички 68 години живот на Маре и Љупчо Ајдински“ од почесниот претседател на Сојузот на дефектолози на Македонија проф. Љупчо Ајдински. (Дом на АРМ/19:00

Скопје – Отворање на самостојната изложба на Стефан Димовски. (Галерија МКЦ/20:00)

Скопје – Претставување на делата и разговор со авторите Антон Баев од Бугарија и Михал Ајваз од Чешка во рамки на Фестивалот на европска литература „BookStar“/„Книжевни ѕвезди“ во организација на Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје. (МКЦ/19:30)

Скопје – Издавачката куќа „Готен“ организира книжевниот разговор со писателот Енес Халиловиќ во рамки на книжевниот фестивал „Букстар“. (Младински културен центар/21:30)

Скопје –  Концерт на Камарен оркестар „Амаросо“ од Србија  на Есенски музички свечености 2018. (Музеј на град Скопје/20:00)

 

_____________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close