Најава на настани

МИА Најави – Македонија

17 ноември 2018 

17 ноември 2018 

Скопје – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе одржи прес-конференција за предлог-буџетот за 2019 година. (Медиа центар на Владата/11:00)

Велес – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска ќе дадат изјави за медиумите за изработката на новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година. (х. „Гарденија“/12:00)

Скопје – Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје организира прес-конференција по повод Светскиот ден на предвреме родените деца – 17 Ноември. (Театар за деца и младинци/18:00)

Охрид – Промоција на новиот лет Охрид-Виена со авиокомпанијата „Wizz Air“. (Платформа на охридскиот аеродром/17:00)

Скопје – Годишна конференција „Meet the Masters by MUFFIN“ во организација на софтверската компанија Мусала Софт. (Сити хол центар/9:30)

______________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Back to top button
Close