Најава на настани

МИА Најави Македонија

13 ноември 2018

13 ноември 2018

Скопје – Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 65. седница. (сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Втора годишна конференција на Стопанската комора на Македонија на која министерот за финансии Драган Тендовски со претставници од Министсрството за финансии ќе ги презентираат проекциите во буџетот на РМ за 2019 година и планираните макроекономски остварувања. (Стопанска комора на Македонија, сала 4 на кат 5/11:00)

Скопје – Прва годишна конференција на Мрежата за управувње со човечки ресурси, во организација на МИОА,  а ќе ја отворат Дамјан Манчевски, минисетер за информатичко општество и администрација, Џефри Голдстајн, заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија. (х.  „Александар Палас“/10:00)

Скопје – Регионална конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“, на која свое обраќање ќе имаат Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Виктор Димовски, државен секретар во МНР, Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во РМ, амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Илан Кохн, проектен менаџер во ОДИХР. (Меморијален центар на Холокаустот на Еврите од Македонија/9:30)

Скопје – Државниот завод за статистика  во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) организираат  средба со уредниците на медиумите во РМ. (простории на ДЗС, ул. „Даме Груев“ бр. 4/11:00)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК. (нова железничка станица, сала за состаноци на СОНК – Пошта 2/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. (Кабинет на градоначалникот, барака бр. 3/10:00)

Активности за одбележување на 13 Ноември:

– полагање цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел (11:00)

– полагање цвеќе пред Алеата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел (11:30)

– полагање цвеќе пред Споменик на ослободителите на Скопје пред Владата на РМ (12:30)

– Свечено доделување на наградите „13 Ноември“ на Град Скопје и концерт на Македонската филхармонија. (Македонска филхармонија/20:00)

– „Го градам мојот град“, манифестација посветена на предучилишните установи. (ДКЦ „Карпош“/10:00)

– Промоција на монографијата „Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990) од Ерина Богоева. (книжарница „Литература.мк“/19:00)

– The Mauskovic Dance Band (Cinedays). (МКЦ/23:00, влезот е слободен)

Скопје – Црвен крст на град Скопје по повод 13 Ноември организира крводарителска акција. (Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје во ДХО „Даре Џамбаз“/9:00 – 17:00)

Скопје – По повод 13 Ноември, Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски центар Скопје организира настан за подигнување на јавната свест на граѓаните за животната средина и соодветен менаџмент со отпад насловен „Слободно Скопје, чисто Скопје“. (градинка „8 Март“, објект „Расадник“/11:00)

Скопје – По повод 13 Ноември, Општина Бутел организира Втор есенски базар на домашни ракотворби. (плато пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров/ 12:00)

Скопје – Енергетските компании АД Електрани на Македонија, АД МЕПСО и ЕВН Македонија ќе доделат стипендии на најдобрите студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии. (ИНОФЕИТ на ФЕИТ/11:00)

Скопје – Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС ќе одржи средба со „сестрите-концесионери“ од цела Македонија. (зграда на Социјалистичка партија на Македонија, кат 2/11:00)

Велес – Дебата на тема „Семејството има дијабетес или Дијабетесот има семејство“ во организација на Здружението за лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Lollipop“ од Велес. (Медиотека на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ /17:00)

Скопје – Форум „Крупен план на филмските фестивали во Македонија“ во организација на МЕДИА Деск МК во рамките на 17. Филмски фестивал “CINEDAYS”. (МКЦ – НВО Центар, кат 2/ помеѓу 10:30-11:00)

Скопје – Отворање на четвртиот Фестивалот на европската литература “BookStar”/„Книжевни ѕвезди“ со промоција на книга раскази од Славенка Дракулиќ. (МКЦ-клуб ресторан/19:30)

Скопје – Промоција на монографијата „Скопје – Архитекурата како фотографска скулптура (1963-1990) од Ерина Богоева. (Книжарница „Литература.мк“/19:00)

Скопје – Свеченост по повод доделувањето на наградите „13 Ноември“ што ги доделува Сојузот на спортови на Скопје за одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје. (ВИП арена „Борис Трајковски“/12:00)

Охрид – Прес-конференција  на РК Охрид по повод натпреварот кој се игра во рамките на 9-то коло од Машката супер лига помеѓу РК Охрид и РК Пелистер од Битола на 14.11.2018 година од 19.00 часот. (Спортската сала во СРЦ Билјанини извори/13:00)

_______________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Таг
Back to top button
Close