Свет

Мексико му додели највисоко признание на Џеред Кушнер

Владата на Мексико денеска му врачи на зетот на претседателот на САД, Џеред Кушнер, највисоко признание што се доделува на странци.

Буенос Аирес, 30 ноември 2018 (МИА) – Владата на Мексико денеска му врачи на зетот на претседателот на САД, Џеред Кушнер, највисоко признание што се доделува на странци.

Доделувањето на Орден ацтечкиот орел на Кушнер предизвика бурна реакција во Мексико, каде голем број луѓе се лути на Трамп поради навредливите коментари за Мексиканците, како и неговите планови за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница.

Добитници на Орден ацтечкиот орел се добитникот на Нобелова награда Габриел Гарсија Маркес и поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела.

Трамп присуствуваше на церемонијата на врачување на орденот на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина.

Според мексиканската Влада, Кушнер го заслужил орденот поради својата работа во преговарачкиот процес за Договорот за трговија, што денеска го потпишаа Мексико, САД и Канада.

Американскиот претседател Доналд Трамп, канадскиот премиер Џастин Трудо и мексиканскиот претседател Енрике Нијето денеска потпишаа нов Договор за трговија.
На потпишувањето на историскиот договор му претходеа низа контродикторни настани и преговори, поради што беше неизвесно до самиот крај.

Договорот ќе го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

Со новиот договор САД – Мексико – Канада се предвидува годишна трговска размена од 1,2 трилиони долари. ми/

Таг
Back to top button
Close