Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Макрон: Следува дијалог за иднината на Нова Каледонија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека мнозинството граѓани во Нова Каледонија кои излегле на референдумот за независност одлучиле да останат дел од Франција и додаде дека единствен пат е дијалог за иднината на тој јужнопацифички архипелаг, кој е во состав на Франција од 1853 година.

Нумеа, 4 ноември 2018 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека мнозинството граѓани во Нова Каледонија кои излегле на референдумот за независност одлучиле да останат дел од Франција и додаде дека единствен пат е дијалог за иднината на тој јужнопацифички архипелаг, кој е во состав на Франција од 1853 година.

Макрон во телевизиско обраќање рече дека францускиот премиер Едуар Филип ќе се сретне со официјални претставници во Нова Каледонија за да разговараат за плановите за иднината.

Прелиминарните резултати од денешниот референдум за независност во Нова Каледонија покажуваат дека повеќето гласачи гласале за зачувување на врската со Франција.

Според резултатите од 202 од вкупно 284 избирачки места, против независност од Франција гласале 60 отсто од граѓаните на таа француска прекуморска територија во Тихиот Океан, соопшти Канцеларијата на високиот комесар на Франција.

Досега се преброени 123.000 гласа. На референдумот беа повикани 174.000 гласачи за да одговорат на прашањето: „Дали сакате Нова Каледонија да стекне целосен суверенитет и да стане независна?”

Нова Каледонија од средината на 19 век е територија на Франција. Во неа живеат околу 270.000 луѓе.

Одѕивот на денешниот референдум беше толку голем што некои избирачки места во Нумеа, главниот град на Нова Каледонија, мораа да останат отворени еден час подолго од планираното, поради долгите редици луѓе кои чекаа да гласаат, се вели во соопштението на Канцеларијата. паг/14:29

###

 

 

Таг
Back to top button
Close