ЕвропаЕвропа.Портал

Мајка и нејзините четири деца загинаа при пожар во Словачка

Пет лица - четири деца и една жена, загинаа денеска при пожар во куќа во селото Рихнава во западниот дел на Словачка.

Братислава, 30 ноември 2018 (МИА) – Пет лица – четири деца и една жена, загинаа денеска при пожар во куќа во селото Рихнава во западниот дел на Словачка.

Како што соопшти локалната противпожарна служба, пожарот избувнал околу три часот утрово и набрзо ја зафатил целата куќа.

Жртвите се 28-годишна жена и нејзините деца на возраст од пет до девет години, кои живееле во куќата.

Причините за пожарот засега не се познати. сп/

Таг
Back to top button
Close