ЕвропаЕвропа.Портал

Куба: Шпанскиот премиер во хотел забранет за посетителите на САД

Шпанскиот премиер Педро Санчез замина во официјална посета на Куба, која е прва посета на еден шпански премиер по повеќе од три децении.

Хавана, 23 ноември 2018 (МИА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез замина во официјална посета на Куба, која е прва посета на еден шпански премиер по повеќе од три децении.

За време на дводневната посета тој ќе се сретне со кубански официјални претставници и интелектуалци, а планирано е да биде домаќин на деловен состанок, кој ќе се одржи во хотел ставен на листата на администрацијата на Трамп како забранети за американски посетители.

Пестите на тој хотел се забранети согласно санкциите кои Вашингтон ги воведе против Куба.

Во делегацијата на Санчез, покрај владини претставници, има и околу 20 бизнисмени.

Последен пат некој шпански премиер ја посетил Куба пред 32 години, иако Шпанија се смета за еден од најважните кубански комерцијални партнери. гт/

Таг
Back to top button
Close