0_Спорт.ПорталОстанато

Клиер: Ова беше најдобрата сезона за Ферари во последнава деценија

Сезоната 2018, која завршува следниот викенд, е најдобра во последната деценија за тимот на Ферари, оцени главниот инженер на „Скудерија“, Џо Клиер.

Маранело, 16 ноември 2018 (МИА) – Сезоната 2018, која завршува следниот викенд, е најдобра во последната деценија за тимот на Ферари, оцени главниот инженер на „Скудерија“, Џо Клиер.
Ферари оваа сезоана пропушти можност за враќање на светската титула во Маранело, прв пат по 2007 година, кога Кими Раиконен го освои Шампионатот во Формула 1 за италијанскиот тим.
– Битката оваа година во Шампионатот беше фантастична и тоа е причината што работиме во Формула 1. Секако дека кога на крајот на сезоната си еден од двата тима, кој завршил без титулата, не е многу пријатно чувство. И покрај се, за мене тоа беше најдобрата сезона за тимот во последнава деценија. Знаеме што не спречи да ја исполниме целта и работиме напорно да ги расчистиме сите проблеми од оваа година, изјави Клиер.
Тој застана во одбрана на првиот возач на тимот Себастијан Фетел, кој е изложен критики за неговите настапи.
– Убеден сум дека Фетел ќе се врати уште помотивиран во 2019-та и со наша помош очекувам овој пат ние да бидеме победници. Многу луѓе ги коментираат неговите грешки, но не знаат колку мораше да ризикува на патеката, за да има шанса да се бори за победите. Многу е лесно да седиш пред телевизорот и потоа да даваш интервјуа во кои ќе изнесуваш оценки, без да ги знаеш деталите, истакна Клиер. вз/сп/

Таг
Back to top button
Close