0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Измамите со онлајн плаќања двојно ќе се зголемат до 2023 година

Студија на истражувачката компанија „Џунипер Рисрч“ го открива размерот на измами при онлајн плаќањата и се ангажира со прогноза за големината на загубите во наредните неколку години.

Лондон, 20 ноември 2018 (МИА) – Студија на истражувачката компанија „Џунипер Рисрч“ го открива размерот на измами при онлајн плаќањата и се ангажира со прогноза за големината на загубите во наредните неколку години.

Измамата во онлајн плаќањата за стоки и услуги се очекува да достигне 22 милијарди долари на глобално ниво оваа година. Во следните пет години овие загуби ќе се зголемат повеќе од двојно, откако за 2023 година аналитичарите предвидуваат онлајн измами во вредност од 48 милијарди долари.

Критично важен фактор за зголемување на загубите од измамите при онлајн плаќања е недоволно високото ниво на заштита на личните податоци, што го прави можно нивното крадење, се наведува во извештајот базиран на анализа на различни аспекти на проблемот и на ризикот.

Според експертите на „Џунипер Рисрч“, криминалците често ги користат т.н. „синтетички идентификатори“ добиени со додавање на фиктивни податоци на делумно сигурни информации, добиени преку слабостите во безбедносните системи. вз/

Back to top button
Close