0_Спорт.ПорталФудбал

Интер се обидува да гo привлече Вертонген

Италијанскиот гигант Интер планира уште еден интересен потег на трансфер пазарот, привлекувајќи го дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, како слободен играч, тврди „Скај“.

Милано, 15 ноември 2018 (МИА) – Италијанскиот гигант Интер планира уште еден интересен потег на трансфер пазарот, привлекувајќи го дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, како слободен играч, тврди „Скај“.
„Неразурите“ ќе се обидат да ја зајакнат својата одбрана и наскоро ќе стапат во контакт со агентот на играчот.
Договорот на белгискиот дефанзивец со тимот од Лондон истекува на крајот на сезоната, а од 1 јануари, екипата од Милано ќе може официјално да му ги понуди своите услови, како што направи со Стефан де Вриј и Квадво Асамоа. вз/сп/

Таг
Back to top button
Close