0_Спорт.ПорталФудбал

Интер мора да продаде играчи за 50 милиони евра

Интер ќе има проблеми со УЕФА доколку не продаде играчи во вредност од најмалку 50 милиони евра до 30 јуни 2019 година.

Милано, 15 ноември 2018 (МИА) – Интер ќе има проблеми со УЕФА доколку не продаде играчи во вредност од најмалку 50 милиони евра до 30 јуни 2019 година.
„Нероазурите“ се уште работат во режим на рестрикции од европската фудбалска централа (УЕФА) согласно доброволниот договор што го склучија и беше продолжен за четври година. Во претходните кампањи, клубот се потпираше на продажба на млади фудбалери со цел да не евидентира финансиски загуби во периодот на известување. Вообичаена практика во такви случаи беше продажбата на играчи со фиксни клаузули за реоткуп.
На пример, во 2017 година Манчестер Јунајтед се обиде да ја искористи тешката ситуација на Интер за да го привлече евтино Иван Перишиќ. Клубот успеа да избегне разделба со Хрватот, откако ги генерираше потребните приходи со продажба на Џанлука Капрари, Сена Мианже, Федерико Димарко, Фабио Егуелфи и други.
Сега тимот е ставен во слична ситуација, ако се суди според информациите на „Газета дело спорт“, кој тврди дека гигантот од Милано мора да направи продажби за 40-50 милиони евра до 30 јуни 2019 година. Овој пат, сепак, „талент шемата“ нема да функционира, бидејќи клубот нема толку многу ветувачки играчи, кои претставуваат интерес за другите клубови. Многу е веројатно дека Интер ќе биде принуден да продаде една или две ѕвезди со цел да се вклопи во параметрите.
Ако УЕФА елиминираат некои од важечките во моментов ограничувања, Интер би можел да троши послободно, за да го замени евентуално продадениот ас, но тоа не ја укинува обврската да го следи внимателно својот биланс. вз/ми/

Таг
Back to top button
Close