СветСвет.Портал

ИД презеде одговорност за нападот во Кабул

Џихадистичката организација Исламска држава презеде одговорност за денешниот самоубистевн напад во авганистанскиот град Кабул, при што, според последните податоци, загинаа шест лица, а 20 беа ранети.

Кабул, 12 ноември 2018 (МИА) – Џихадистичката организација Исламска држава презеде одговорност за денешниот самоубистевн напад во авганистанскиот град Кабул, при што, според последните податоци, загинаа шест лица, а 20 беа ранети.

– Бомбаш самоубиец облечен во елек со експлозив нападна собир на шиитите во близина на претседателската палата, се наведува во соопштението на ИД.

Претставник на авганистанскоот Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку шест лица загинале при самоубиставн бомбашки напад за време на протестен собир поради влошената безбедносна состојба во земјата, одржан во близина на едно училиште, на претседателската палата и на еден од најлуксузните хотели во Кабул.

Според истиот извори, најголемиот број од жртвите при нападот биле припадници на безбедносните сили.

Учесниците на протестоте бараа испраќање дополнителен број припадници на безбедносните сили во окрузите Загури и Малистан во провинцијата Газни, во кои мнозинството од жителите се припадници на шиитските Хазари. До неодамна, овие два округа важеа за едни од најбезбедните, но изминатава недела талибанските бунтовници изведоа серија напади во тие подрачја.

Во неколку напади и судири со талибанците во изминативе 48 часа загинаа над 60 припадници на авганистанските безбедносни сили. сп/

Таг
Back to top button
Close