БалканБалкан.Портал

Харадинај: Царини додека Србија не го признае Косово

Додека Србија не го признае Косово, не треба да се намалат царините, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, објави приштинскиот весник „Газета експрес“.

Приштина, 22 ноември 2018 (МИА) – Додека Србија не го признае Косово, не треба да се намалат царините, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, објави приштинскиот весник „Газета експрес“.

Само признавањето на независно Косово од страна на српската држава може да ги намали царините, посочи Харадинај во Парламентот.

Тој додаде дека косовскиот претседател преговара со Белград на поинаков начин, додека неговиот став е Косово „само со санкционирање може да добие признание од Србија“.

Без ваков пристап невозможно е да се постигне меѓусебно признавање ниту може да се постигне взаемно прифатлив договор, нагласи Харадинај. ми/

Таг
Back to top button
Close