Фудбал

Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да потпишам со Меси

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште еднаш ги негираше информациите дека се обидувал да го привлече Лионел Меси на „Етихад“.

Манчестер, 2 ноември 2018 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште еднаш ги негираше информациите дека се обидувал да го привлече Лионел Меси на „Етихад“.
– Никогаш не разговарав со него за да дојде во Баерн или Манчестер Сити. Никогаш не сакав такво нешто од моите клубови, бидејќи знам колку е важен тој за Барселона. Никогаш не сум го направил првиот чекор за привлекување на Лео, рече Гвардиола.
Весникот „Мундо“ објави информации дека поранешниот потпретседател на Барселона, Феран Соријан, кој сега работи во Манчестер Сити, имал средби со таткото на фудбалерот Хорхе во текот на 11 месеци. Сето ова време, тој го подготвувал теренот за премин на неговиот син на „Етихад“.
Соријано ветил личен бонус од 50 милиони евра за Хорхе Меси, ако Лео потпише договор. А самиот фудбалер бил многу блиску до тоа да ги прифати личните услови предложени од Сити – петгодишен договор со годишна плата од 50 милиони евра по даноци.
На крајот Меси одлучил да остане во Барселона и да ја одбие понудата од „Етихад“. вз/сп/17:45
###

Таг
Back to top button
Close