БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Градоначалниците Срби на општините во јужно Косово не поднесуваат оставки

Градоначалниците на шест општини со мнозинско српско население, што се наоѓаат јужно од реката Ибар, им изразија поддршка на четворицата колеги од северно Косово кои вчера поднесоа оставки, но порачаа дека нема да го следат нивниот пример, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 28 ноември 2018 (МИА) – Градоначалниците на шест општини со мнозинско српско население, што се наоѓаат јужно од реката Ибар, им изразија поддршка на четворицата колеги од северно Косово кои вчера поднесоа оставки, но порачаа дека нема да го следат нивниот пример, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението кое го пренесе Радио Слободна Европа, шестемината градоначалници велат дека решиле да не ги напуштат функциите поради „различните околности“ во нивните општини.

– Иако нема да ги преземеме истите мерки поради различните околности во кои живееме, ние солидарно ќе се бориме за да престане дискриминацијата и кршењето на човековите права на нашиот народ поради воведувањето на таксата од 100 отсто на производите кои се увезуваат од Србија, се вели во соопштението на Српската листа, партијата од чии редови доаѓаат градоначалниците.

Поради таксата на увозот од Србија, градоначалниците на Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ вчера поднесоа оставки, а институциите од овие општини во северно Косово објавија прекин на комуникацијата со Приштина се до укунивање на таксата. иа/сп/

Таг
Back to top button
Close