Свет

Генералниот секретар на НАТО во ненајавена посета на Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ненајавено пристигна во Кабул, соопшти НАТО.

Кабул, 6 ноември 2018 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ненајавено пристигна во Кабул, соопшти НАТО.

Столтенберг и високата делегација на Алијансата ќе се сретнат со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и со командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Остин Милер.

Посетата на Столтенберг доаѓа откако талибанските милитанти ги засилија нападите врз авганистанските безбедносни сили низ целата земја, што резултираше со голем број жртви дневно. јт/

Таг
Back to top button
Close