БалканБалкан.ПорталДописници Свет

ЕУ: Владата во Тирана да созаде услови за дијалог, а опозицијата да не бојкотира

Виски претставници на ЕУ денеска во Брисел побараа од Албанија да ги продлабочи реформите со цел да ги започне преговорите за членство следната година.

Тирана/Брисел, 14 ноември 2018 (МИА) – Виски претставници на ЕУ денеска во Брисел побараа од Албанија да ги продлабочи реформите со цел да ги започне преговорите за членство следната година.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан,на заедничката прес-конференција со албанскиот министер за Европа и надворени работи Дитмир Бушати, апелираа до Владата во Тирана да созаде услови за дијалог, а опозицијата да се откаже од бојкотот и да се врати во албанскиот Парламент.

– Членството во ЕУ е заедничка цел, која треба да се релизира и меѓупартискиот дијалог е неопходен за тоа. Владата има одговорност да создаде услови за овој дијалог, додека опозицијата не треба да ги бојкотира парламентарните процеси, порача Хан.

Шефот на албанската дипломатија изјави дека високите претставници на ЕУ ги запознал со подготвеноста на Владата за дијалог со сите политички партии.

– Имав можност повторно да го потврдам ставот на албанската Влада и подготвеноста на премиерот (Еди) Рама за отворената вратата за дијалог со сите политички парламентарни субјекти и други институционални актери, со цел да ги испорачаме приоритетите кои се важни за судбините на земјата. Јас зборувам за изборните реформи и брзо унапредиување на реформата во правосудството, рече Бушати.

Могерини се задржа и на едно од најактуелните прашања во Албанија, изборот на, како што рече функционален министер за внатрешни работи,како и за изречените казни на неколку криминални групи.

– Ние разговаравме за ова прашање затоа што е важно кога станува збор за земјите од ЕУ, за да видат дека работата на Министерството за внатрешни работи функционира како што треба и тоа да биде активно, рече Могерини.

На крајот од десеттата средба на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Албанија и ЕУ одржана во Брисел, ЕУ ја повтори потребата Албанија да ја продлабочи моментната динамика во реформите, да го консолидира напредокот во досега реализираните судски реформи, посебно преку процесот на проверка на потеклото на имотот на судиите и обвинителите и нивна вмешаност во криминални активности.

ЕУ ги позрдави и големите полициски акции спроведени во Албанија во борбата против организираниот криминал и побара да се зајакнат напорите за конфискација на имотот стекнат преку криминални активности. вт/сп/

Таг
Back to top button
Close