ОТС

Elbit Systems отвара нов погон/фабрика за интеграција и производство на копнени системи во Романија

Напредните копнени системи од новиот погон се наменети како за задоволување на потребите на Романија така и за извоз

Број на објава:593/11/18
Датум: 27.11.2018 
Нарачател:Elbit Systems
Телефон:+972-77-2948809
Клучни зборови:Elbit Systems 

 

На денешната церемонија во Романија, на која присуствуваа највисоки официјални претставници и претставници од индустријата, ЕЛБИТ Системи, го отвори новиот погон за  дизајнирање и производство на  копнени системи  во близина на Букурешт.

Новоотворениот погон ќе работи како центар за производство и интеграција на  куполите и вооружените станици кои што ги произведува ЕЛБИТ системи, кои се  веќе договорени  со проектите во регионот и ќе служи како регионален центар за  исполнување на  начките на останатите земји од регионот.

Генералниот директор на  секторот за  копнени системи и  комуникации (Land&C4I ) г-дин  Јехуда (Уди ) Веред  (Yehuda (Udi) Veredизјави:  “Среќен сум  да  најавам  дека овој нов погон ќе  отпочне со работа веднаш, исполнувајќи ги нарачките не само за Министерството за одбрана на Романија, туку истотака  и тие кои што се договорени со  меѓународните клиенти“.

ЕЛБИТ системи успешно работи во Романија  како  долгорочен испорачател на Министерството за одбрана , повеќе од 25 години, соработувајќи со локалните индустрии ,  вклучувајќи ги во  големите проекти, вклучително, помеѓу другите:  надградби на авиони, разновидни проекти за Романските копнени единици и обезбедувајќи решенија за Романската морнарица .

Сместен во непосредна  близина на Букурешт, новиот погон за дизајнирање и  производство од 1000 квадратни метри  е четврт по ред  кој е  воспоставен во Романија, со што значително се  проширува бројот на вработени лица во компаниите, кои работат на дизајнирање и производство во земјата и  со што допoлнително   го зголемуваат   трансферот на  технологијата  по принципот  “ ДА СЕ ЗНАЕ КАКО„ во Романија.

Г-дин Веред го дополни и следното: “Новиот погон претставува уште еден чекор во продлабочување на нашето присуство во Романија. Ни претставува привилегија да бидеме во позиција да обезбедиме   технолошки напредни и оперативни копнени системи за вооружените сили на Романија. Ние сме горди да  што можеме да  ја зголемиме нашата  производствена активност во земјата и да го прошириме нашето  големо искуство со обезбедување на  копнени системи за клиентите од целиот свет и значително да го зголемиме трансферот на технологија во Романија, да го зголемиме  вработувањето  на локално ниво  и да го  зајакнеме  извозниот потенцијал .

Податоци во врска со ELBIT Systems

ELBIT Systems Ltd . е една од меѓународните компании за висока технологија, која  работи во  еден  широк спектар од одбраната , државната безбедност  и комерцијалните проекти ширум светот. Компанијата,  која што го опфаќа ELBIT Systems и неговите подружници, работи во областа на  воздухопловството, копнени и морнарички системи, командување, контрола , комуникации , компјутери ,  разузнавачко извидување и набљудување ( C4ISR),  воздухопловни системи без екипаж, напредни електро-оптики  и електро оптички системи, комплети за  електронско војување (EW), системи за  сигнално разузнавање,системи за дата линкови и комуникациски системи, радио системи и сајбер системи. Компанијата  истотака се фокусира на надградување на постоечките платформи, развивајќи нови технологии за одбраната,државната безбедност и комерцијални апликации  и  обезбедување на спектар  на услуги за поддршка, вклучително и системи за обука и симулација .

За дополнителни информации, посетете ја нашата веб страница : www.elbitsystems.com и следете не на :Facebook/Twitter/Youtube / .

 Контакти :

David Vaaknin                                                                   Dana Tal-Noyman

VP,Head of Corporate Communications               Manager Corporate Communications&Digital

Tel: 972-77-2946691                                                        Tel: 972-77-2948809

Cell:972-52-8000403                                                       Cell: 972-54-9998809

david.vaaknin@elbitsystems.com                          danatal@elbitsystems.com

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Таг
Close