Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

ЕК смета дека треба да продолжат преговорите со Турција

По изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека би било почесно да прекинат преговорите за членство меѓу ЕУ и Турција, Европската комисија порача дека официјален став на оваа тема може да даде само претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Брисел, 7 ноември 2018 (МИА) – По изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека би било почесно да прекинат преговорите за членство меѓу ЕУ и Турција, Европската комисија порача дека официјален став на оваа тема може да даде само претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, засега општиот консензус во Европската комисија е дека преговорите со Турција треба да продолжат, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.Тој сепак истакна дека Турција треба да почитува одредени услови.

– Претседателите Јункер и Туск на самитот во Варна истакнаа дека се потребни длабоки реформи, ослободување на затворениците и добрососедски односи, ова се витални работи за да се задржат отворени каналите на комуникација и да се задржи курсот на овој процес, рече портпаролот. тм/гт/

 

Таг
Back to top button
Close